На електронските адреси на 14 училишта во Скопје денеска е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од Министерството за внатрешни работи.
Вчера имаше дојави за бомби во училишта во Скопје и во една градинка, како и во едно училиште во Прилеп. Претходно, дојави за бомби имаше и во институции и трговски центри.
OhridNews