Засега нема пријавено случај за дојава за бомба во охридските училишта информираат од СВР Охрид. За разлика од Охрид дојави за поставени бомби утринава се стигнати во неколку скопски основни училишта, како и во две училишта во Штип.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека дојави за поставени експлозивни направи освен во Скопје има и во други градови во земјата, пренесува „360 степени“.

Денеска на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, одговорија кратко од МВР од каде повеќе информации рекоа дека ќе има во текот на денот.

Потврда за дојавите има од градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески кој во изјава за „360 степени“ рече дека во шест основни училишта утринава наставата била прекината.

Н.С.Ј.