Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната температура во охридскиот регион ќе се искачи до 13 степени Целзиусови.
Во недела не очекува умерено до значително облачно време со умерен до засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд.Максималната температура во охридскиот регион ќе се искачи до 12 степени Целзиусови.
Првиот работен ден идната недела носи променливо облачно време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 4-9, а дневната од 8-14 степени.
OhridNews