Како што се наведува во текстот, надлежните институции треба допрва да ја утврдат веродостојноста на документот. Весникот потенцира дека според досието, ОВК или Оружените сили на Косово се формирани под директна контрола на српските воени сили, на состанок, во близина на Цирих, од осум албански емигранти. Според наведеното во досието, двајца од нив, директно соработувале со српската служба за безбедност, нивните псевдоними биле Ибар и Вујко и двајцата биле од Македонија.
извор: „Макфакс/„Дневник