Фудбалскиот обожавател Марк Томпсон потрошил 500 евра за да ја преуреди својата дневна соба да изгледа како фудбалски стадион. Набавил тапети со слики на англискиот грб и со слика на стадион на кој се игра натпревар. Во преуредувањето му помогнала и сопругата Карен. Тие со години го пратат англиското фудбалско првенство, а во брак се 12 години.
Испланирале дека со пријателите во нивниот дом ќе го следат светското првенство. Во текот на натпреварите ќе готват јадења карактеристични за земјите кои играат. Изгледот на собата го планирал со седмици пред да почне да преуредува.