Раперот познат како DMX повторно бил уапсен во Јужна Каролина и е обвинет за поседување марихуана, соопшти полицијата.
42 годишниот изведувач, чие вистинско име е Ерл Симонс, бил патник во камион кој бил запрен во вторникот. Полицијата го уапсила откако сфатиле дека за него има потерница поради возење под дејство на алкохол. Исто така во камионот била пронајдена марихуана, а Симонс и возачот биле обвинети за нејзино поседување.
Полковникот Џими Холкомб во средата изјави дека DMX бил ослободен од затвор со кауција и се вратил во својот дом во Јужна Каролина. Ова е второ апсење на Симонс во рок од три месеци.