Научниците од универзитетот во Хјустон со ласерско мапирање откриле локација на која би можел да се наоѓа одамна загубениот град Сиудад Бланка, за кој легендата велид ека е преполн со злато.
Научниците благодарејќи на напредна технологија, која по долго време им била одобрена, пронашле знаци на градби длабоко во џунглата во Хондурас. Ласерското мапирање работи на принцип на емитување на 100.000 кратки ласерски импулси во една секунда кои даваат повратна информација, врз чија основа настанува географска карта на подрачјето.
Сиудад Бланко е во фокусот на многу истражувачи уште од 1526 година, кога Хернандо Кортес за овој град му пишувал на шпанскиот крал Kарло V. Сиудад Бланка игра многу важна улога во митологијата на централна Америка.
Градот наводно името го добил по многуте златни идоли кои таму се наоѓаат, како и по големите бели карпи со интересни украси што тамошните жители ги вградувале во нив. И покрај сè, никогаш не бил пронајден ниту еден доказ за постоењето на овој град, пишува „Дејли мејл“.
Доколку дополнителните проверки навистина го потврдат ова откритие, Сиудад Бланка ќе може да се спореди со Мачи Пикчу кој лежеше запуштен и заборавен до 1911 година, додека американскиот историчар Хирам Бингам не го претстави на Западот.