Интегритетот во рамки на изборниот процес е од исклучително значење за намалување на корупцијата, финансисрањето на политичките партии и нивните активности мора да се следи и унапредува бидејќи е клучно овој процес да биде транспарентен за да се намалат можните злоупотреби. Ова го нагласи претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, истакнувајќи дека Антикорупциска го следи целиот изборен процес и веќе разгледува предмети поврзани со изборите, а за откриените нерегуларности, но и за постпаки што не се спротивни на законот ама не се во духот на доброто владеење и располагање со државните средства, ќе извести во посебниот извештај за изборниот процес, а редовно претставки се доставуваат до Собранието.

Ивановска информира дека од страна на ДКСК била организирана Јавна дебата за интегритетот на учесниците во изборниот процес, на која биле поканети сите релевантни политички партии, институции и НВО. Отсуството на политичките партии на вакви јавни дебати, забележа таа, е јасна потврда за нивниот игнорантски однос кон законските и моралните начела за интегритет во изборниот процес.

Од денот на донесување на одлуката за распишување избори, до денот на завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на Советот на општините и на Градот Скопје, не може да се започне со изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на ЈП и други правни лица што рапослагаат со државни средства, на нови објекти во инфраструктурата, потсетија од ДКСК. Токму овој дел од законот, смета Ивановска, е најмногу заобиколен од страна на учесниците во изборниот процес бидејќи се е испланирано и е дел од програмите да се случи токму во изборниот процес.

На денешната прес-конференција беше посочено дека изборниот процес започнал многу порано од законски предвидениот рок.

Сведоци сме на низа обиди од страна на политичките партии за заобиколување на изборната регулатива, но отсуството на санкции во минатото и долгото нерешавање предмети што се во процедура, кај јавноста создаваат општ впечтаок на неказнивост. Сите институции треба да покажат проактивност, согласно своите надлежности, да ги нотираат негативните појави и да постапуваат по нив, рече Ивановска.

Таа како пример посочи дека има пријава до Антикорупциска што се однесува на злоупотреба на носител на јавна функција, кој преку Агенција за привремени вработувања, поставува претседател на својата партија, кој при вршење одредена службена должност во институцијата во која е поставен, како што појасни, има можност да агитира на луѓето кои ќе ги користат тие услуги да гласаат за нивната партија.

Да ги почитуваме законите што самите сме ги донеле и не се почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и никој не е во состојба брзо да детектира злоупотреба, се пораките од Катица Николовска и Нури Бајрами, членови во ДКСК.

Последните измени во Изборниот законик донесени веќе во самиот ек на изборниот процес, надвор од сите прфепораки од ОБСЕ/ОДИХР да не се вршат измени на ИЗ најмалку шест месеци пред денот на одржување на изборите. Со тоа се наметнаа обврски делумно во делот на ингеренциите на ДКСК, имаше и други членови со кои се зголеми процентуалното учество на двете носечки политички партии во дело на медиумското рпетставување од 90 на 97 отсто, за сметка на другите помали партиии во Парламентит, истакна Николовска.

Досега до ДКСК, информираше Николовска, се пристигнати 21 пријава од кои, девет се однесуваат на активности преземани од општините, шест за незкоански постапувања на одоговрни лица во училишта и пет се однесуваат на други државни институции. Пријавите се разгледани, подвлече, една е упатена на надлежно постапување на ДИК и е за активности пред зпаочнување на изборната кампања. Една е отфрлена, а за друга за случај на мобинг ДКСК нема надлежнoст да постапува. За другите пријави се испратени барања до институциите кои се прозвани да се приберат информации за посочените наводи.

Организаторите на изборните кампањаи до ДКСК можат да достават приговор за повреда на законите, по што ДКСК е должна да постапи во рок од пет дена и се уште немаме такви поднесени пријави, но сме подготвени, истакна Николовска.

Инаку, ДКСК со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи има обезбедено 16 набљудувачи на изборните активности во кампањата во 46 општини. Ангажирани се и четворица аналитичари кои ќе ги следат секојдневните промени на трансакциските сметки и да вршат анализи во однос на валидноста и кредибилитетот на лицата што уплаќаат донации на трансакциските сметки, со цел да се види дали тие финансиски средства се обезбедени од нелегални извори или од анонимини извори, кои се забранети.

 

OhridNews