Еден од најпознатите македонски ди-џеи, охриѓанецот Јуксел Ваит, познат како Dj Yuxell, ќе настапи на популарниот летен фестивал „2The Disco Village“, што се одржува во Цирих Швајцарија.


Dj Yuxell свој перформанс ќе има на 3-ти јули, на втората фестивалска вечер, кога ќе настапи заедно со уште неколкумина ди-џеи од светот, меѓу кои Francesco Diaz, Dj Sam, Leon Klein…..


Почетоците на фестивалот „2The Disco Village“  датираат од средината на седумдесетите, а експанзија доживува во 1991 година. На фестивалот што годинава ќе се одржи од 2-4 јули се очекува да присуствуваат над 2 милиони обожаватели на денс музиката.

OhridNews