Извонредната Dj Miss Ilda, една од иконите на албанската клупска сцена, по пауза од седум години настапи повторно во Охрид. Викендов квалитетно музичко уживање таа им приреди на посетителите на плажата „Акапулко“ во Метропол, која ова лето на охриѓани и гостите ќе им понуди една поинаква забава.

– Ми се допаѓа местото. Прв пат настапувам на плажата „Акапулко“, убаво е и уживам. Успеав да најдам малку време и да го разгледам Охрид. – го започна разговорот со нас Dj Miss Ilda.

 

Dj Miss Ilda преферира хаус музика, а идол и е Ерик Бaјдс. Настапува во клубови и дискотеки, но и на популарни места и летни одморалишта во регионот. Во нејзината набиена агенда деновиве таа ја стави плажата „Акапулко“, каде најави дека повторно ќе се врати идниот месец.

– Мојата претходна посета на Охрид беше пред 7 години. Сакам да работам тука и се надевам дека повторно ќе се видиме. – рече Dj Miss Ilda.


Dj Miss Ilda

Ова лето плажата „Акапулко“ ќе понуди интересна и разновидна забава. Денски посетителите ќе може да уживаат во прекрасниот амбиент и одбрана музика, да се разладуваат со коктели и ладни напитоци и да вкусат добра храна.

Ноќите, пак, ќе бидат резервирани за квалитетни журки и гостувања на познати музички имиња и танчери. Веќе се потврдени настапите на RNB диџејот Криско од Бугарија, „Скандал састав“ и на диџеј Андреј Ѓошев.

На плажата „Акапулко“ модното студио „Црнокрак“ ќе го организира изборот на летна убавица, а се најавуваат и бројни изненадувања за посетителите.

OhridNews