Извонредна забава и овој јулски викенд ги очекува охриѓани и туристите, а OhridNews Ви ја претставува понудата на охридските плажи, кафетерии, клубови и дискотеки.
На плажата „Парк голден бич“ по синоќешната голема роденденска забава, вечерва, 29-ти јули, гостува извонредната Dj Milana.
Почеток 22.00.
На плажата „Акапулко“, вечерва, 29-ти јули, настапува ѕвездата на „Гранд“ Ристе Ристески. Забавата започнува во 22 часот, а за фановите на Ристе обезбеден е организиран превоз во 21.30 часот од пред Охридска банка со превозникот „Омега“.
Петок, 29-ти јули и сабота, 30-ти јули на плажата Куба Либре се резервирани за жешки латино танци со професионални танчерки и танчери од егзотичната Куба.
Забавата започнува во 22 часот.
Овој петок и сабота, 29 и 30-ти јули, во клуб „Еспана“ настапуваат Ирена Велјовска + Пантелија & „Бумбари бенд“ .
Забавата започнува во 22 часот.
Инфо и резервации: 070 261 273.
Ирена Велјовска
Петок, сабота и недела, уживање со староградска музика во „Мезе бар 10“. Вкусете од најдобрите мезиња, најголемиот избор на вино и ракии и уживајте во акустичните звуци на “Ансамбл Биљана јуниор” во „Мезе бар 10“.
Забавата започнува во 21 часот.
Инфо & резервации: 070-391-492 & 078-312-202.
И овој продолжен празничен викенд уживајте во ексклузивниот амбиент на ресторан „Опера“ на кеј „Македонија“ и звуците на староградската музика.
Информации и резервации на телефон 070/228-321.
Во клубот „Хавана“ ова лето петоците се резервирани за Dj MM – Deeph&tech house. Во сабота настапува легендата на охридската клупска сцена Dj Yuksell – Mash up night. Во недела настапува Dj Chiko, во понеделник Dj Face, а во вторник Dj Gec.
Забавата започнува во 23 часот.
Во недела, 31-ви јули, на плажата „Куба Либре“ настапува бендот „Шајн“ на извонредниот гитарист Дамјан Пејчиноски.
Забавата започнува во 22 часот.
Во дискотека „Парк“ во понеделник, 1-ви јули настапува Dj Jane, а на Илинден зад пултот ќе биде Dj Gec.
Забавата започнува во 23.59.
Во клуб „Еспана“, на 1, 2 и 3-ти август гостуваат „Кисми“ и Јуле.
Забавата започнува во 22 часот. Инфо и резервации: 070 261 273.
За деталите за овие и другите забави во Охрид во продолжениот празничен викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews