„Walt Disney Co.“ планира на градот Шангај да му понуди отварање на нов тематски забавен парк кој би бил втор по ред во Кина, по отварањето на паркот во Хонг Конг во 2005 година.
Дизни предлага да основа мешовито претпријатие во кое американската компанија би имала 43 проценти од акциите, а локалните кинески власти 57 проценти.
Тематскиот парк во Шангај би чинел 3,59 милијарди долари и би бил отворен за јавност во 2013 година.
Ројтерс напоменува дека компанијата Дизни мора најпрво да ги реши потешкотиите со тематскиот парк во Хонг Конг, кој не го привлекува очекуваниот број на посетители и се бори со низа оперативни проблеми.