Шефот на компанијата Дизни, Алан Хорн зборуваше на “D23” конвенцијата која се одржа изминатиот викенд, а ја пренесе веста која долго време беше очекувана од сите фанови на серијалот “Star Wars”.


Aлан Хорн иако не објавил многу детали тој ја потврдил веста дека снимањето на филмот “Star Wars: Episode VII” ќе започне во почетокот на 2014 година, а неговата премиера ќе биде на почетокот на летото во 2015 година.

Во минатото сите шест дела од серијалот “Star Wars” ја доживеале својата премиера во Мај, а многу луѓе сметаат дека оваа традиција ќе продолжи и понатаму.