Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со оваа Одлука малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 69 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат 77, односно 79 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,360 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,933 денари.

OhridNews