Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,00 денара по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулатрорната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 75,50 денари за литар.
Цената на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, останува 79,50 ден. и 81,50 ден., додека на Екстра лесното масло за домаќинство 73,00 ден.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,051 ден/кг и еден килограм ќе чини 46,336 денари.
OhridNews