Литар дизел од полноќ ќе се продава за половина денар поскапо, а цените на бензините остануваат непроменети. 

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена  на еуродизелот ќе изнесува 59 денари.

За половина денар се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по 47,50 денари за литар. Зголемување има и кај мазутот од 0,131 денар за килограм и ќе се продва по 33,805 денари за килограм.

OhridNews