Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи новата цена на еуродизелот да биде 76,50 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 66 денари.
Новата цена на мазутот ќе изнесува 38,282 денара за килограм.
Што се однесува до референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар споредено со минатите две седмици, има зголемување кај бензините во просек за околу 1,66 отсто, кај дизелот за околу 2,32 отсто, а кај мазутот за околу 9 отсто.