Дизелот од полноќ поевтинува за 1,5 денари, а цената на бензините останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно Методологијата за формирање на цените, цената на дизелот Д од 51 се намалува на 49,50 денари за литар, дизелот-Е ИИИ наместо 51,50 ќе чини 50,00 денари за литар, а екстра лесното гориво ЕЛ од 41 се намалува на 39 денари за литар. Моторните бензини ќе се продаваат по старите цени.