Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на дизелот и на ексралесното масло за домаќинство поевтинуваат за половина денар, додека цената на бензините останува непроменета.

Новата цена на литар еуродизел (Д-Е V) изнесува 53,00 денари, додека Малопродажната цена на екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 ден/лит. Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво. Цената на БС-95 изнесува 67,5 денари за литар, додека литар еуросупер БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.

Незначително се намалува цената на мазутот М-1 НС за 0,008 ден/кг, со што новата цена на килограм М-1 НС изнесува 26,240 денари.

OhridNews