Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, поевтинува дизелот, а цената на бензините се покачува.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1 ден/лит и ќе изнесува 71,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит и ќе изнесува 73,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) цената ќе изнесува 45,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,053 ден/кг и ќе биде 27,816 ден/кг.
OhridNews