Дизелот поевтин за 1,5 денар, додека цената на бензините останува непроменета информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Со Одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од минатата недела.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ Еуродизел ќе се точи по цена од 66,50 денари по литар, додека Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат по цена од 75, односно 77 денари за литар гориво.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 денари/литар и со тоа изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,607 денар/килограм и со тоа изнесува 41,245 ден/кг.

OhridNews