Дејзи Зенг, студентка на британскиот универзитет Централ Сент Мартинс, за својата дипломска работа дизајнирала, во соработка со Нокиа, еколошки мобилен телефон кој работи на Кока Кола. Ваквиот еколошки модел би можел да работи три до четири пати подолго од стандардните.
Мобилниот работи на батерија која сoздава електричен напон користејќи ензими од шеќерот во пијалакот. Откако батеријата ќе ослаби, се што во неа останува се вода и кислород. Сепак, Нокиа нема да почне да го произведува толку брзо, бидејќи изумот на Дејзи е префутуристички.