Како главен материјал повторно се јавува плексигласот чиј индустриски ефект е омекнат со вметнување на бисерот, преку кој авангардниот дух на накитот воедно добива и елегантна нота. Плексигласот се јавува во две варијанти, проѕирен и црн, со што преку изоставување на употреба на боја, самиот дизајн доаѓа повеќе до израз. Формата е строга и геометриска.
Како заштитно лице на кампањата и инспирација за колекцијата се јавува вонсериската актерка Билјана Танески, која што во целост ја претставува таргет групата: силна, индивидуална жена од која зрачи енергија и љубов, која изгледа уникатно. На самата промоција премиерно ќе биде прикажано и видеото за колекцијата во кое исто така се појавува Билјана Танески.
Специјално за промоцијата таа ќе дојде од Италија.
Од 2 декември колекцијата ќе може да се најде во продажба во „Драма Студио“.