47% од посетителите на ohridnews.com кои одговориле на праашањето во анкетата “Како Охрид треба да се справи со дивоградбите“ одговориле дека нелегалните градби треба да се урнат.
Високи 43% од посетителите кои одговориле на анкетното прашање сметатаат дека општината треба да ги легализира дивоградбите, а тие кои не можат да се легализираат да се урнат.
За потполна легализација се изјасниле 9% од анкетираните.
Во правата анкета на ohridnews.com гласале 258 посетители на страницата на Првиот локален електронски весник.