Денеска се навршуваат 5 години од терористичкиот напад во кумановската населба „Диво насеље“, во кој животот го загубија 8 припадници на МВР: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.
Изразувајќи почит кон жртвите, премиерот на техничката влада Оливер Спасовски, истакна дека оволј исклучително вознемирувачки и трагичен настан, силно го вознемири општеството.
Овој трагичен настан засекогаш ќе остане длабока траума на моите сограѓани на Куманово и за граѓаните на нашата земја. Сигурен сум дека нарачателите имале подмолна намера, но присебноста на граѓаните не им дозволи да ја остварат. – истакна во јавното обраќање на социјалните мрежи премиерот Спасовски.
OhridNews