Охриѓани реагираат поради дивите пазари кои во летниот период никнуваат на секој чекор.

Најчести се продавачите на бостан кои доаѓаат од источниот дел на земјава и кои од импровизирана тезга, покрај камион, продаваат овошје. Можат да се забележат на Булеварот Туристичка и во близина на општата болница.


Овие луѓе немаат основни услови за да престојуваат тука, а остануваат и по неколку недели. Околу камионите насекаде може да се забележи отпад и измет, ваквата непријатна слика навистина не му доликува на Охрид како туристичко место, велат граѓаните.

За овој проблем неодамна реагираше и ЈП Комуналец, од каде потенцираат дека од една страна на градскиот пазар се бара задолжително почитување на законските прописи и воведување на “ХАСАП” стандардите, а истовремено никој не ги казнува оние кои продаваат на нелегално поставени тезги и при тоа не ги почитуваат прописите.

Ohridnews