Музеите во Македонија се соодветно заштитени но тоа не е доволно бидејќки нашата земја се соочува со илегална трговија на културно богатство од локалитетите, сметаат експертите од музејските установи во земјава кои деновиве во Охрид  со своите колеги од Југоисточна Европа ќе разговараат за зачувување на културно-историското богатсво во кризни ситуации.
.
Со години културното богатство се краде од недоволно обезбедените локалитети, а државата сеуште не нашла начин како да го реши проблемот со дивите копачи, смета Захаринка Бачева од Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите. Таа посочува дека со овој проблем се соочуваат сите земји во регионот, поради што е потребно тие повеќе да соработуваат меѓу себе во борбата против нелегалната трговија со културното богатство.

Според Јордан Трца, директор на охридскиот Завод и Музеј, културното наследство во Охрид е соодветно заштитено, има постојана физичка заштита, како и соодветна опрема за брза реакција во случај на пожар. Според Трца, Заводот и Музеј Охрид е подготвен соодветно да дејствува во кризни ситуации,  а работилницата што се одржува во Охрид  е можност домашните експертите да разменат искуства со своите колеги од Европа во функција на заштитата на културното богатство.

Во организација на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите во Охрид  се одржува Регионална едукативна работилница посветена на тимската работа и заедничкото управување во кризни ситуации. На работилницата учествуваат преставници на музеи, и експерти од 36 земји од Југоисточна Европа.

Горан Момироски