Диви свињи забележал возач на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан, во близина на Хидробиолошкиот завод.

Ловџии и упатени во проблематиката, во разговор ни посочија оти не е невообичаено да се забележат диви свињи на ова место во ова време. Со доаѓањето на есента и намалување на зеленилото и храната во планината, овие животни во есен се спуштаат кон Студенчишко блато во потрага за храна, велат тие.

Што се однесува до популацијата на ова диво животно во регионот, долгогодишниот концесионер на ловиштето во Дебрца истакнува оти таа е намалена, за што сведочи фактот што во ловна сезона ловните друштва не успеваат да уловат ни половина од дозволената квота од околу 80 диви свињи.

Г.М.