Непознато лице, без легитимација и овластување вчера наплаќало паркинг во строгиот центар во Охрид, во близина на Студенсткиот дом. Како што изјавија очевидци, младо момче наплаќало паркирање по цена од 50 денари, за што не издавало фискална сметка, туку парагон блок. Жртви биле туристи од Турција. Кога нивните пријатели, инаку охриѓани, побарале лицето кое наплаќа паркинг да се идентификува и да каже за кого работи, истото одговорило дека нему само му го дале парагон блокот и му кажале да наплаќа паркирање.

Друга непријатност туристите доживеале во Св. Наум. Засега непознато лице со остар предмет, најверојатно нож, ги избушило гумите на десетина возила. Дел од туристите, меѓу кои имало и странски државјани,  не можеле со часови да се вратат кон местата каде престојувале, поради неможноста да ги заменат оштетените пневматици

OhridNews