Чуварот на мрежата на Вардар, Петар Ангелов „Диви“ се прости од репрезентативниот дрес кој успешно го носеше повеќе од 15 години. Тој повлекувањето го најави на социјалните мрежи, а најави официјална пресконференција за својата одлука.
– По повеќе од 20 години репрезентативен стаж почнувајќи од младинските па се до сениорската репрезентација, и повеќе од година и пол размислување, мислам дека едноставно дојде време да го соблечам дресот со државниот грб.
Дадов се за Македонија, секогаш со срце сум настапувал за единствената земја која ја сакам, и горд сум на се што направив, а се надевам дека и сите Вас барем еднаш со моите одбрани сум Ве направил среќни.
Да бидам искрен, фејсбукот не е мој терен, па наместо лајкови, многу повеќе ќе ми значи Вашето присуство на прес конференцијата која наскоро ќе се оддржи, а на која ќе Ви се заблагодарам на сите за сите овие прекрасни години и заеднички да им посакаме успех на нашите репрезентативци на квалификационот турнир за олимписките игри во Рио.- напиша „Диви“ на својот профил.
Ангелов беше дел од селекцијата на Македонија на Европското првенство во Србија 2012 година која стигна до историското 5-то место.
OhridNews