Чуварот на мрежата на македонскиот првак Вардар, Петар „Диви“ Ангелов на официјална пресконференција се збогува од националниот дрес, што го најави неодамна.
Популарниот „диви“ зборуваше за своето минато време во репрезентацијата, за својот допринос, и за тагата што последниот збор во репрезентацијата не го кажа на теренот.
– Откажувањето од нешто што силно го сакаш е многу тешко, затоа за мене ова беше тешка одлука, но некој начин и морална. Неколку соиграчи ме разубедија да не го направам тоа после Светското првенство во Катар, но дојде време сега да го направам и да се повлечам од националниот дрес. Од првиот ден кога застанав на голот во младинските категории до квалификацискиот меч со Чешка ме обземаше чудно чувство во националниот дрес. Сакам да му да заблогадарам на македонската публика за поддршката која ми ја даваше сиве овие години и да и се извинам на мојата сопруга која најмногу претрпе за мојата успешна кариера. – рече Ангелов и додаде. – Бев потценуван и деградиран како играч или голман, но секогаш ќутев за доброто на репрезентацијата. И покрај добрата форма никогаш не ми кажал зошто ме немало на списокот.
39-годишниот голман на репрезентативците им посака многу среќа во квалификациите за Олимпијадата во Рио де Жанеиро кои пак изненадно влегоа во текот на пресконференција и со аплауз го наградија и испратија меѓу легендите неуморниот и единствениот „Диви“.
Фото: Екипа.мк
OhridNews