Синоќешното дивеење низ улиците во Охрид и уништување на урбаната опрема ги надмина сите граници на цивилизирано однесување и сите прагови на толеранција.

Не поминаа неколку месеци откако се поставени новите садови за ситен отпад со модерен дизајн, кои синоќа речиси сите се откорнати и оштетени по градскиот кеј и по улицата „Македонски Просветители“.

Контејнерите по улиците „Кеј Македонија“, „АСНОМ“, булевар „Туристичка“, „Егејска“,  „7-ми Ноември“ и „Македонски Просветители“ се превртени, а отпадот бил расфрлан по коловозот, тревните површини и пешачките патеки, информира ЈП „Охридски Комуналец“.

Сликите сами зборуваат за состојбата која ја затекнаа службите од јавното комунално претпријатие рано утринава. Корпите се повлечени со цел ако може да се санираат, контејнерите се вратени во првобитна положба, а отпадот е расчистен.

OhridNews
Фото: Здравко Чорбески/ ЈП Охридски Комуналец