Високиот снег и ниските температури во повисоките делови од планините неповолно се одразија врз животните кои се потешко ја пронаоѓаат храната.

Вработените во националниот парк „Галичица“ извршија прихрана на дивечот. Храната беше поставена на места каде што најчесто се движи дивечот, но на одредени локации беа поставени и хрaнилки за полесно преживување на животните.

Кога условите за живот се екстремно тешки, вработените во националниот парк „Галичица “ се трудат да им го олеснат преживувањето на дивите животни во границите на паркот, обезбедувајќи, големи количества храна.