Дива патка тргнала во потрага по своите 6 патчиња откако големи дождови ги однеле во одводен канал околу два километри од неа. Откако се заглавиле во сливникот во Њукасл во Британија, иднината им била неизвесна. Но, мајката не се помирила со нивното исчезнување и тргнала во потрага. Го пратела нивниот глас преку патиштата, пругите, две школски игралишта и паркиралишта. Најпосле ги пронашла во длабок одвод покриен со метална решетка. Стоела над него и ги чувала своите патчиња четири часа чекајќи некој да и помогне.
Патката ја забележал Питер Елиот (59) кога одел на трчање, а на враќање таа сеуште била на истото место. Тоа и го кажал на својата ќерка, која со својот двегодишен син и сопругот веднаш отишла да види што се случува. Кога ги открила заробените патчиња, започнале мисија за спасување. Зеле мрежа за риболов и ги извлекле малечките, па ги пуштиле во езеро во близината на Њукасл. Било прекрасно да се видат повторно на слобода.