Големо количество градежен шут и најразличен цврст отпад лежи на брегот на Охридското Езеро, помеѓу хотелот „Астор“ и одморалиштето „Сутјеска“, алармираат граѓаните.

На фотографијата што ни ја испрати нашиот читател Ѓоко, можат да се забележат и отпадоци од  угостителство, гајби и друга амбалажа.Кога и кој ја создал дивата депонија не се знае, но час поскоро таа треба да биде отстранета од брегот, пред есенските дождови и ветровите да ја однесат во езерото.


дива депонија на брегот од езерото

Неодамна на сила стапи Законот за јавна чистота со кој се предвидуваат високи казни за загадување на животната средина. Според истиот за оставање и фрлање отпад покрај реки, езера, бари, мочуришта и други водни тела следува казна од 100 евра за физичко лице. Казните за правните лица се неколкукратно повисоки.

Ohridnews