Сопствениците на пловните објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на просторот до сообраќајната полиција (од другата страна на мостот), потребно е истите да ги отстранат најдоцна до петок 13.04.2007, соопшти општинската Комунална инспекција.
 
Доколку сопствениците тоа не го направат во одредениот рок, Комуналната инспекција принудно ќе ги дислоцира кајчињата, а трошокот и евентуалното оштетување ќе биде на товар  на сопствениците, информираат од Комуналната инспекција.