Големата награда на Австралија која претпладнево по средноевропско време се возеше на патеката Алберт парк ја отвори 62-ра сезона во Светскиот шампионат, во Ф1.

Победник на трката е актуелниот шампион Себастијан Фетел, на подиумот место обезбедија Хамилтон и Петров, додека според пласманот бодови освоија Алонсо, Вебер, Батон, Кобајаши, Перез, Маса и Буеми.

Сепак по трката Светската автомобилистичка федерација го коригираше пласманот на возачите. Без бодови останаа двајцата возачи на Заубер, Кобајаши и Перез. ФИА утврдила неправилности на нивните возила, по што двајцата се дисквалификувани. Имено болидите на Заубер во задниот дел биле пошироки од дозволеното.

Така во конечниот пласман на трката за ГН на Австралија, седмото и осмото место го освоија Маса (Ферари) и Буеми (Торо Росо), додека на деветото и десетото место се пласираа пилотите на Форс Индија, Сутил и Ди Реста.

OhridNews
извор: „Макфакс“