Две кандидатки за Мис Италија биле дисквалификувани од понатамошното натпреварување, бидејќи на интернет се појавиле нивни голи фотографии. Организаторите на изборот на најубава девојка во Италија соопштиле дека суспендирани биле Рафаела Модуњо од Рим и Алис Белото од Виченца. Според правилата на натпреварувањето, кандидатките не смеат да прават голи или полуголи фотографии од провокативна природа.
Модуњо има титула Мис облини доделена од брендот Елена Миро, додека девојката од Виченца е носител на титулата “Mis Vela Veneto”, која ја доделува германскиот козметички концерн „Вела“. Изборот за Мис Италија се одржува во Тоскана и се наоѓа во завршната фаза, во која успеале да влезат 39 девојки од целата земја.