Екипата на Дисконт Царовски е првиот патник во четвртфиналето на Велигденскиот турнир во мал фудбал Охрид 2012, откако со 5-1 ја совлада екипата на Теди Комерц.


Екипата на Теди Комерц се закана прва и тоа преку Вељановски нешто подоцна имаа и играч повеќе но не успеаа да профитираат од такавта ситауација.


Она што не им успеа со играч повеќе го направија кога беа егал во поле. Одличен контранапад кој го реализираше Наумоски Кирил за изненадувачка предност на “комерцијалистите“.


Кратко траше предноста на “белите“. Ѓорговски Јоцо со првиот гол на мечот прво го изедначи , а потоа со вториот го заврте резултатот во полза на “зелените“.


На стартот на вториот дел, фудбалерите на Дисконт Царовски имаа играч повеќе по исклучувањето на голманот Петкоски, но наместо да ја затресе мрежата, Ѓунај ја затресе гредата.


Продолжија битолчани да го напаѓаат голот на Петкоски , а од серијата шанси една искористи Трајчевски кој зголеми на 3-1.


Отпорот “зелените“ го скршија во финишот во мечот кога со хет трикот на Ѓорѓовски зголемија на 4-1, а конечните 5-1 во последната минута од мечот ги постави Ѓеровски.

Не влеговме најдобро во мечот, не дека ги потценавме нашите противници но тоа покажа дека нема слаби екипи на турнирот. Видовте дека до финишот мечот беше изедначен. Ние продолжуваме по планот и сакаме да играме во финалето – рече најдобриот во победничката екипа Ѓорѓовски Јоцо.

Дисконт Царовски во четвртфиналето ќе игра со Инекс Горица.

Ohridnews