Дисконт Царовски го освои третото место на турнирот во мал фудбал Охрид 2012. Тие во малото финале беа подобри од ланскиот првак Вис Пој со 6-3.
Рано на стартот на мечот уште во третата минута резултатот го отвори Јованоски Стефчо. Не траеше долго предноста на “портокаловите“, само четири минути подоцна со петтиот гол на турнирот Ѓорѓоски Јоцо резултатот беше изедначен 1-1.
Иако повреден во тимот на Вис Пој се појави Ѓорѓиоски Мишко, не помина долго на теренот и се осети неговото пристуство, враќајќи го тимот во предност од 2-1. Деветти погодок за него, што го направи втор најдобар стрелец на турнирот.
Серијата голови ја продолжи Тасевски Сашо изедначувајќи го резултатот на 2-2. До крајот на првиот дел, продолжи голеадата, Лошкоски погоди Вис Пој, а на неговиот гол возврати Ѓеровски.
Долго се чекаше за нов погодок, а на половината од вториот дел се тресеше мрежата на Вис Пој. Најдобриот стрелец на турнирот Соколовски Сашо го совлада Лазески, а на неговиот гол надоврза Ѓунај.
Истиот фудбалер погоди и за 6-3, додека серијата погодоци ја затвори Соколовски Влатко.
Со триумфот над Вис Пој, Дисконт Царовски го повтори ланскиот успех овојувајќи го третото место.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com