Дисконт Царовски со 2-1 ја совлада екипата на Инекс и се пласираше во полуфиналето на турнирот во мал фудбал Охрид 2012


Интересен и возбудлив меч одиграа екипите на Дисконт Царовски и Инекс Горица. Мируваа мрежите во првиот дел само благодарение на одличните Зуноски и Маркоски на головите.


Се редеа шансите пред голот на “зелените“ но ударите на Бакулески, Далчев и Стојаноски не ја погодија целта.


По првите пет минути во вториот дел, Дисконт Царовски дојде во предност и тоа преку најдобриот стрелец на турнирот Сашо Соколовски, кој погоди по девети пат.


Инекс продолжи да напаѓа, уфрлија и шести играч во желба да стигнат до изедначување, но наместо гол во противничката мрежа се тресеше мрежата на “сините“.


Митко Стојаноски во финишот на мечот погоди за намалување на предноста, но Инекс  не успеа да стигне до изедначување.

– Тежок натпревар кој за среќа го решивме со моите погодоци. Неколку пати сме играле со оваа екипа и секогаш играме вакви интересни и тешки мечеви. Во полуфиналето ги посакуваме старите должници, фудбалерите на Бел Мерцедес – рече двојниот стрелец Соколовски.

М.П.