“Шила“, градско место во срцето на чаршијата коe се повеќе се издвојува со својата уникатна приказна, продолжува со остварување на визијата за враќање на урбаниот сјај на охридскиот ноќен живот. Овој петок 13ти е резервиран за журката симболично наречена “Диско против Малери“ – забава посветена на пријателите на “Шила“ и сите оние кои ја почитуваат добрата музика.

Настапува DJ Crazy Slave легенда на македонската и екс-ју клубска сцена кој со уникатен музички “времеплов“ ќе ги потсети охриѓани зошто нивниот град беше синоним за квалитетен ноќен живот. 

– Петок 13. ноември, традиционално трета година по ред, на малиот “жежок” подиум во Shilla ќе се соединат најубавите градски фаци и најдобрите ретро, домашни и странски траки под “диригентската палка“ на легендата на мак и екс-ју клубската сцена DJ Crazy Slave. – велат од Шила.

Поради ограничениот капацитет и големиот интерес пожелно е резервациите да се направат час поскоро. 

Ohridnews

Незаборавна забава на „Богдан и пријателите“ во кафе бар Шила (фотогалерија)