Составот на Вардар чекор по чекор го комплетира играчкиот ростер за следната сезона. Симпатизерите на „црвено црните“ имаа две причини за радост, бидејќи клубот офијализираше едно останување во Скопје и едно ново засилување.
Дресот на Вардар и следната ќе го носи Кристијан Дисингер, додека нов член ќе биде хрватскиот ракометар Анте Гаџа.
Германецот Дисингер кој беше дел од екипата која по втор пат го искачи Вардар на тронот во Европа изјави дека сите проблеми биле надминати и тој немал, ниту најмала дилема за останување во Вардар.
Гаџа, пак, ќе биде замената за Сташ Скубе кој замина од Скопје. Гаџа кој доаѓа од Загреб својот потенцијал треба да го покаже во „Јане Сандански“ и да ја оправда довербата.
Вардар, претходно ги доведе голманот Кантегрел, репрезентативците Георгиевски и Талески, Санталов и Јагуриновски.
OhridNews