На спортски план Вардар бележи маестрални резултати во сите натпреварувања, но менаџментот не може да се пофали со добра и позитивна работа. Клубот, кој го носи епитетот европски првак се наоѓа во тешка финансиска криза, а ракометарите веќе ја откриваат „јавната тајна“ од соблекувалните.
Во моментов е многу комплицирано за сите нас во тимот. Најголем дел од ракометарите немаат земено плата веќе половина година, а периодично добиваме само „трошки“. Во Скопје може да се преживее и со 300 евра, но фактот што не ги добиваш своите заработени пари носи стрес и нервоза. Затоа не зачудува што полека речиси сите сегашни играчи на Вардар полека наоѓаат нови клубови за следната сезона. Мојот договор завршува во јуни и само чудо може да ме задржи во дресот на Вардар за следната сезона. – изјави геманскиот ракометар Кристијан Дисингер.
Минатата година, Вардар помина низ ваков турбулентен период и излезе како победник, освојувајќи ја титулата во Лигата на Шампиони. Но оваа година резултатите не се како ланските и останува голем прашалник за иднината на македонската спортска гордост.
OhridNews