Со решение на министерот за култура, Илиријан Беќири, за нов вршител на должниста директор на фестивалот Охридско лeто е назначен професорот по географија Тони Симоноски. Симоноски на директорската функција доаѓа на местото на м-р Зоран Стрезоски, кој во изминатите 4 години беше директор на фестивалот.

Местото претседател на Управниот одбор на Охридско лето се уште е празно. Се зборува дека тоа место ќе го потполни актерот Ѓорѓи Јолевски. Лани таа функција ја вршеше композиторот Ристо Аврамовски, кој непосредно по завршувањето на фестивалот си даде оставка поради, како што рече, лични причини.

Како што дознаваме во дирекцијата на фестивалот сеуште не пристигнало решението и не е извршено примопредавање на функцијата директор.

Претходно Министерството за транспорт и врски за нов директор на ЈП Аеродром Охрид го назначи Борче Стефаноски.