Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски е позитивен на Ковид-19. Тој на својот фејсбук-профил објави дека нема никакви симптоми и оти веќе е во домашна изолација.

Би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Посакувам брзо оздравување на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација. Чувајте се, напиша Пауновски на Фејсбук.

OhridNews