Пазарџиите -производители од Охрид имаат можност да ги продаваат македонските производи на пазарот во Нови Сад. Ова било понудено од страна директорот на пазари при ЈКП Тржница од Нови Сад-Урош Лончар во рамки на работната посета на Охрид каде оставри средба со директорот на ЈП Градски Пазар Охрид-Александар Попоски.
На средбата се разменија искуства и сознанија од работењето во врска со тоа на кој начин и каде треба да се сместат одредени производи, местото ,локациите, потребните хигиенски услови за нормално одвивање на основната дејност заради која се основани двете претпријатија, информираат од ЈП Градски Пазар Охрид.
Исто така, додаваат во соопштението, директорите на двете претпријатија ги сослушале и мислењата и предлозите на пазарџиите за подобрување на работењето.
OhridNews