Директорот на фестивалот „Охридско лето“, Тони Симоноски, веќе извесно време се движи со помош на штаки откако на рекреација, играјќи фудбал со пријателите, ја повредил тетивата на левата нога.


Тони Симоноски

Повредата не го спречува енергичниот  Симоноски да ги обавува своите работни обврски, но и да се појавува на јавни настани. Така беше и вчера на отворањето на Музејот на вода во Градиште каде присуствуваше и рековалесцентот Симоноски. Со ведар дух и насмевка тој изрази надеж дека наскоро ќе се ослободи од гипсот и штаките и целосно ќе се посвети на обврските. Тој не информираше дека активно се работи на утврдување на фестивалската програма за „Охридско лето“ 2009 година, која како што ни рече е готова 60-70%. По Нова година ќе отпочнат и преговорите за отворањето на фестивалот, ни изјави Симоноски. Директорот на „Охридско лето“ е меѓу најсериозните кандидати за претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во Охрид, а постапката за избор е во тек.