Директорот на најпознатиот светски бренд фармерки „Леви Штраус“, Чип Берг, им порачал на купувачите да не ги перат своите фармерки како би штеделе вода која е еден од најзначајните природни ресурси. Учествувајќи на конференција за екологија која ја организирало списанието “Fortune”, Берг напомнал дека фармерките кои ги носел во тој момент не виделе машина за перење една година.
Првиот човек на Левис навел дека е доволно со сунѓер или стара летка за заби да се отстранат евентуалните флеки и редовно да се проветруваат фармерките. Тој исто така советувал фармерките да се држат во фрижидер за длабоко замрзнување како би се намалило ширењето на микроби и да се отстранат непријатните мириси. Заклучил дека никогаш досега не добил ниту една кожна болест. Највжано е да се зачува природата.