Директорот на болниците во Газа, Мохамед Закут, по телефон изјави за американски медиуми дека пациентите, вклучително и децата, се преплашени откако израелските сили упаднаа во комплексот објекти на најголемата болница Ал Шифа.
Луѓето врескаат. Ова е многу застрашувачка ситуација… не можеме да направиме ништо за пациентите освен да се молиме, рече тој.
Ал Џезира ја доби снимката од разговорот помеѓу лекарот од болницата Ал-Шифа, Мунир ал-Барш и израелските сили.
Тоа што сте во болницата ќе создаде состојба на страв и хистерија кај пациентите овде. Сите катови на болницата се полни со луѓе од првиот до шестиот кат. Постојано кажувате дали ова ќе ви создаде проблем. Ако сакате да влезете и сами да се уверите, болницата е полна со луѓе. Одделот за прием и хирургија е полна со раселени лица. Одделот за дијализа е преполн со луѓе. Породилното одделение, радиологија и администрацијата се празни. Одделот за изгореници, од десната страна на болницата, е полн со пациенти и раселени луѓе, се слуша како ал-Барш им кажува на израелските војници.
Израелската војска соопшти дека спроведува „прецизна и насочена операција против Хамас во одредена област во болницата Ал Шифа“. Нема засега цврсти докази дека Хамас е придутен во болницата Ал-Шифа.
Според најновите информации од Министерството за здравство на Газа, во болницата има околу 2.500 луѓе – медицински тимови, пациенти – вклучувајќи 600 ранети и 36 новороденчиња – и раселени лица кои се засолнуваат во болницата.
OhridNews
фото. МИА